October 6, 2022, 1:20 am

Шеќеринска поднесе оставка – „Не се согласував со политиките на СДСМ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за одбрана објави дека нема да биде дел од новата влада, поради „принципиелни причини“, односно, поради тоа што не се согласува со дел од политиките на СДСМ во изминатиот период. На почетокот на годината, се повлече и партиското раководство

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нема да биде дел од новата влада, што се очекува наскоро да ја формира новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, откако Зоран Заев ќе ја поднесе премиерската оставка во парламентот.

Шекеринска денес објави дека се повлекува од Владата, поради, како што прече, принципиелни причини, затоа што не се согласува со дел од политиките на СДСМ во изминатиот период. Таа посочи дека поради тоа, во почетокот на годинава, решила да се повлече и од раководството на СДСМ, каде што до последниот конгрес беше заменик-претседателка, во два мандати.

„Тогаш најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ поради тоа што не се согласував со дел од политиките. И мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политики придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори. За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги слушнавме или не ги разбравме. Затоа мислам дека единственото чесно или принципиелно поведение, единствената чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната Влада“,

Изјави Шекеринска, на прес-конференција во Министерството за Одбрана, додавајќи дека за оваа своја одлука ги известила и „колегите“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This