дома Магазин Шик и модерни начини како да носите марами ова лето

Шик и модерни начини како да носите марами ова лето

Ова лето дајте им простор на марамите во вашиот плакар. Со овој моден додаток можете на уникатен начин да го зачините секој ваш стајлинг.

В коса, на чанта, како колан, на врат… погледнете неколку креативни идеи како да носите марама и зачекорете во летото подготвени за нови стилски предизвици.

Додајте марама на пунџа, исплетете ја во плетенка, врзете ја над ластиче… за кратко време ќе се заљубите во овој брз начин на стилизирање на косата.