дома Локално ШИЛЕГОВ ГИ НАЛУТИ АЛБАНСКИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ ВО СОВЕТОТ: Сопомен биста на Кемал...

ШИЛЕГОВ ГИ НАЛУТИ АЛБАНСКИТЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ ВО СОВЕТОТ: Сопомен биста на Кемал Сејфула непожелна во општина Чаир

На 21вата седница на Советот на Град Скопје, на предлог на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов беше приложена точка за предлог одлука за одбележување на значајни настани и спомен-обележја на истакнати лилност во и на градот Скопје.

Суштината на предлогот беше проширена со поставување на спомен биста на Кемал Сејфула на територија на општина Чаир, поточно на крстосницата кај Поликлиниката и средното економско училипте „Арсениј Јовков“.

Потребата од подигање на спомен обележје на КЕМАЛ СЕЈФУЛА произлегува од фактот дека е во прашање градоначалник на Град Скопје, истакната личност од НОБ и поствоената историја на Македонија, порди што неговото име носи улица на територијата на општина Чаир.

Кемал Сејфула е носител на Партизанска споменица 1941 година. Во 1945 година бил судија во Врховниот суд на Македонија. Во Владата на Македонија од 1951 година е Министер за локални работи и локална индустрија, член е и на следната Влада( Извршен Совет) од Февруари 1953 година. Во периодот 1951-1954 година бил и градоначалник на Скопје. Како поранешен чибукчија бил и претседател на Занаетчиската комора на НР Македонија.

На овој предлог советницити од ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, жестоко се спротиставија и истакнаа дека ликот и делото на Кемал Сејфула никогаш не бил благонаклонет кон Албанците и претставува навреда и лик кој е олицетворение на Анти-албанската иницијатива за време на комунизмот.

Дискутабилни се намерите и делата како и активностите кои Сејфула ги превземал врз албанците, на што реагираа претставниците од Турската заедница.

За да се избегне поголем инцидент, точката беше повлечена од дневниот ред.