дома Актуелно ШИЛЕГОВ ГО ПРЕКРШИ ИЗБОРНИОТ МОЛК СО АГИТИРАЊЕ ПО КАФАНИ: Во меѓувреме соросоидите...

ШИЛЕГОВ ГО ПРЕКРШИ ИЗБОРНИОТ МОЛК СО АГИТИРАЊЕ ПО КАФАНИ: Во меѓувреме соросоидите лажат за уапсени лица во Теарце!

Партискиот портпарол и носител на листата на СДСМ во шестата изборна единица, Петре Шилегов во екот на изборниот молк агитира во Теарце на само неколку часа пред прегласувањето директно кршејќи го Законот.

Шилегов лично и директно го крши изборниот молк во пресрет на утрешното прегласување на избирачкото место 2011 во Општина Теарце.


Постојат информации дека наводно се фатени луѓе со пари како агитираат и се обидуваат да ги потплатат жителите на Теарце, кои не се официјално потврдени, а според информациите кои ги добивме се работи за лажна пријава.

На избирачкото место 2011 во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11-ти декември правото на глас го искористија 404 гласачи.