дома Македонија ШИЛЕГОВ ИЗЛAЖA: Мерлин ќе чини 100 илјади евра, наместо нула денари како...

ШИЛЕГОВ ИЗЛAЖA: Мерлин ќе чини 100 илјади евра, наместо нула денари како што тврдеше градоначалникот

Српскиот портал Курир.рс, ги објави цените за новогидишните настапи на балканските музички ѕвезди.

Според овој портал, најскапо платени се Здравко Чолиќ и Дино Мерлин. И двајцата ќе пеат за по 100.000 евра, првиот во Будва, а вториот во Скопје.

Неодамна градоначалникот Петре Шилегов, најавувајќи го Дино Мерлин како главна атракција на новогодишната забава на отворено во Скопје, изјави дека настапот на Мерлин градот ќе го чини 0 денари.

„Малку се ѕвезди на Балканот, а Дино е една од нив. Уште во април го договоривме настапот и очекувам голем број посетители не само од земјава. Најавата е волку рано токму поради тоа, бидејќи сметаме дека така љубителите на Дино од регионот ќе можат навреме да го испланираат дочекот на Нова Година“, рече Шилегов.