October 6, 2022, 9:53 pm

Шилегов: Од понеделник се очекува градскиот јавен превоз да почне со редовен режим на работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментов само дел од приградските линии се придржуваат до саботен возен ред, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на новинарско прашање. Шилегов истакна дека согласно податоците и информациите со кои тој располага, од понеделник се очекува да се оптимизираат линиите и целокупниот систем на градскиот превоз да влезе во редовен режим на работа.
Градоначалникот додаде дека уште во текот на пролетта, кога се олабавија мерките, најоптоварените градски линии започнаа да возат по дневен возен ред.
Шилегов апелираше до граѓаните, при користење на средствата на јавен превоз во Скопје да носат заштитни маски и да се придржуваат на препораките. Тој додаде дека неодговорното однесување на поединци може да резултира со штета на целото општество

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This