дома Локално ШИЛЕГОВ, СО ОПРАВДУВАЊАТА НА КОЦЕ: Ситуацијата со загадувањето е алармантна, ама нема...

ШИЛЕГОВ, СО ОПРАВДУВАЊАТА НА КОЦЕ: Ситуацијата со загадувањето е алармантна, ама нема инстант решение!

Не постои инстант решение, постојат интервентни мерки коишто може да го ублажат, меѓутоа не да го решат проблемот со загадувањето на воздухот, рече вечерва градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во емисијата „Топ тема на ваша страна” на тв Телма.


Тој посочи дека има целосно разбирање за загриженоста на граѓаните, бидејќи како што рече, воздухот што го дише градоначалникот и неговото семејство е истиот воздух што го дишат сите скопјани.

– Не постои посебен воздух и заради тоа стратегијата која што ја воспоставивме и која што може да даде сериозно добри резултати на среден рок преку формирањето на Градското претпријатие Градски енергетски системи кое што ќе раководи со топловодната мрежа и со гасификацијата на градот е еден од начините да се елеминираат 53 проценти од загаденоста – рече Шилегов.

Тој посочи дека е алармантна ситуацијата, оти ако не се преземе нешто ургентно во среден рок, десетина години од сега податоците коишто ги читаме на мерните станици ќе изгледаат дури и мали.