дома Македонија Шилегов увepyвa: „Ќe ce кaндидиpaм пoвтopнo и ќe пoбeдaм“

Шилегов увepyвa: „Ќe ce кaндидиpaм пoвтopнo и ќe пoбeдaм“

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов изјави дека потворно ќе ја побара довербата на скопјани и дека ќе победи на следните избори.

После сите шпекулации дека ДУИ и СДСМ на претстојните локални избори ќе настапат со заеднички кандидат за градоначалник кој ќе биде Албанец, Шилегов откри дека тој планира повторно да се кандидира.

– На претстојните локални избори планирам повторно да се кандидирам за градоначалник на Скопје и очекувам да победам – рече Шилегов.

Инаку, лидерот на ДУИ, Али Ахмети за во сабота најави изненадување, но откако се појавија шпекулациите дека тоа ќе биде заедничка кандидатура со СДСМ за градоначалник на Скопје, од ДУИ негираат дека тоа ќе биде изненадувањето, а истото го потврди и премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.