дома Локално ШИЛЕГОВ ЌЕ НАСАДЕЛ ДРВО: На местото на споменикот, Шилегов ќе насадел дрво...

ШИЛЕГОВ ЌЕ НАСАДЕЛ ДРВО: На местото на споменикот, Шилегов ќе насадел дрво од 40 милиони денари

На местото каде што стоеше постамент со спомен обележје на Андон Јанев Ќосето за кој се констатираше дека е дивоградба, ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

 

Во врска со тајмингот кога е отстранет споменикот, Шилегов изјави дека тоа е сторено во доцните часови за да не се кочи сообраќајот на улицата, поради трите големи возила што беа донесени за отстранувањето, како и да не се спречи работата на судовите што започнуваат со работа во утринските часови.

Дрвото кое ќе биде насадено на местото на постаментот ќе биде набавено од Нинберг и e од видот гинко.

Вкупната вредност на набавката изнесува 40 милиони денари.