дома Локално ШИШЕ РАКИЈА ЗА СЕКОЈА ДУПКА: Скопјани оставаат по едно шишенце ракија на...

ШИШЕ РАКИЈА ЗА СЕКОЈА ДУПКА: Скопјани оставаат по едно шишенце ракија на секоја незакрпена дупка во Скопје

„Шилегов, напуни ја дупкава и испиј ме – твојата Ж’та“, шишенца ракија со ваков натпис се појавиа денеска на неколку дупки по улиците во Град Скопје.

Авторите на оваа акција се непознати, но, веројатно не се задоволни од начинот на кој градоначалникот Шилегов се справува со патиштата во градот, па на шега му нудат шишенце ракија за секоја наполнета дупка.