дома Локално ШКОЛСТВОНО ПPOПaЃАТ, ОПШТИНАТА ГРАДИТ „КИНЕСКИ ЅИДОВИ“: Охриѓани разочарани од локалната власт –...

ШКОЛСТВОНО ПPOПaЃАТ, ОПШТИНАТА ГРАДИТ „КИНЕСКИ ЅИДОВИ“: Охриѓани разочарани од локалната власт – се pacпаѓаат училиштата во градот!

Школството пропаѓа, а општината ќе гради „Кинески ѕидови“ – вели охриѓанец кој се обрати до нашата редакција со намера фотографијата од паднатиот таван во училиштето „Григор Прличев“ во Охрид да предизвика некоја реакција кај локалните власти, со надеж дека ќе го решат проблемот

Школството пропаѓат, а Општината “кинески ѕидови” ќе градит. Оваа дупка на таванот на влезот во училиштето “Григор Прличев” во Охрид сликовито ја објаснуват ситуацијата во која што се наоѓат образованието. Мрачна, надвисната црна потенцијална опасност за децата што се образуваат за еден да бидат тоа што ние никогаш не бевме! – пишува охриѓанецот, објаснувајќи дека охридскиот сленг е намерен.

Колку за потсетување, состојбата е слична и во училиштата низ Скопје, а последен ваков случај беше пријавен во училиште во населбата Драчево.

Училиштата низ Македонија пак, се во незавидна состојба.