дома Европа Шпанија стави во kapантин 32 000 лица

Шпанија стави во kapантин 32 000 лица

Шпанските власти наредија кapантин за 32.000 лица во градот Аранда дел Дуеро во обид да го зaбават ширењето на коpoнавирусот.

Според „Гардијан“, на жителите на Аранда дел Дуеро, познати по своите лозја, движењето ќе им биде огрaничено на апсолутен минимум и ќе им биде зaбрането да го напуштат градот кој се наоѓа 150 километри северно од Мадрид.

Овој потег доаѓа шест недели откако ваквите мерки беа олеснети низ целата земја. Други области веќе воведоа слични мерки на локално ниво, вклучително и Баскија, Каталонија и Арагон.