дома Европа ШПАНИЈА СТРАВУВА ОД НЕМИРИ ВО КАТАЛОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ЛОКАЛНИОТ ПРАЗНИК: Дополнителни...

ШПАНИЈА СТРАВУВА ОД НЕМИРИ ВО КАТАЛОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ЛОКАЛНИОТ ПРАЗНИК: Дополнителни полициски сили од Мадрид за националниот каталонски празник

Денеска во Каталонија се слави Диада, националниот каталонски празник, кој ќе собере најмалку половина милион учесници.

Претседателката на националното собрание на Каталонија, Елисенда Палусие, кажала дека во понеделникот биле пријавени 440.000 луѓе и продадени 270 илјади маици со парола „Диада за Република“. Таа најавила и доаѓање на 1.500 преплони автобуси од цела Каталонија.

Владата во Мадрид од своја страна најавила праќање на 600 полицајци, кои ќе им помогнат на локалните сили да се избегне инцидент, бидејќи претходната година ги имаше.

Инаку, Диада е одбележување на 11 септември 1714 година, во борбата за испразнетата шпанска круна, Каталонците застанале на страната Карло Втори од поразената династија Хабзбург. После 14 месечната опсада на Барселона градот паднал на 11 септември, а денот со времето станал дел од историјата на Каталонија.

Прв пат Диада е одбележена во 1886 година и одбележување имало се до забраната за време на диктатурата на Прима де Ривере меѓу 1923 и 1930 година. За време на Втората република, во текот на граѓанската војна, повторно било празник, но под Франко повторно било забрането.