дома Македонија ШПИОНАЖА НА АРМИСКИ ОБЈЕКТ: Четворица косовари ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“,...

ШПИОНАЖА НА АРМИСКИ ОБЈЕКТ: Четворица косовари ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“, приведени откако пробале да избегаат

На 09.05.2018 година во 16:20 часот на ул. „Фуштанска“ во Тетово, четири непознати лица со патничко возило „Фолксваген Голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.

Откако реагирало обезбедувањето на касарната, лицата избегале.

Во 17:45 часот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с.Глоѓи, полициски службеници го сопреле наведеното возило во кое се превезувале Х.Б. (48), Ф.Л. (36), Ј.Л. (74) и Ф.Л. (28), сите од Косово, по што биле приведени во СВР Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.