дома Балкан ШПИОНСКА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ: Хрватски шпион уапсен во Србија, разузнавачите велат дека...

ШПИОНСКА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ: Хрватски шпион уапсен во Србија, разузнавачите велат дека е започната шпионска војна на Балканот!

Денес во Белград беше уапсен шпион кој работел за хрватската Воено-разузнавачка служба, а во Белград работел во последната година, собирајќи податоци кои ги предавал на својата служба во Хрватска ВСОА, а биле од посебен интерес – наведува „Индекс.хр“

Хрватскиот портал наведува дека уапсениот во последно време се бавел со офицерите на ЈНА против кои Хрватска би можела да покрене кривични постапки поради дела направени за време на Граѓанската војна од 91 до 95 година, организацијата и односите во српската војска.

„Српските служби веќе некое реме го пратат дотичниот и собираат информации за него. Познато е каде точно се наоѓал, на кои места крај границата разменувал информации со Хрватските колеги и со кого се бил во контакт“ – вели изворот за „Индекс.хр“

Хрватскиот портал истакнува дека информацијата со кои „Индекс“ располага, се прилично слични со оние кои ги им Божа Спасиќ, некогашен агент на разузнавачката служба на Југославија кој од 1993 до 2007 година водел детективска агенција.

Денес е во пензија, но ја потврдил информацијата според која српската служба веќе некое време го „обработува“ хрватскиот колега, но во светот на агентите, тоа не е никаков спектакл.

„Вообичаена пракса е службите на домицилната земја да се запознаени со агентурата на странските земји на своја територија, во смисла да знаат кои се и што точно работат. На тој начин можат да им додаваат информации за кои проценуваат дека нивната земја би можела да ги интересира и тоа се игри без граници. Меѓутоа, вакви јавни апсења може да значат само дека тој агент, во нашиот жаргон, е „потрошен“, дека го одработил своето, и дека више нема смисла да го „чуваат“, рекол Спасиќ за Индекс.

Спасиќ е уверен дека со денешното апсење „започна шпионската војна на Балканот, а моментот на акцијата нималку не е случаен“.