January 30, 2023, 8:45 am

Што го предизвикува стареењето на мозокот и како да го спречите истото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пушењето и пиењето алкохол се причина број еден, а понатаму дијабетесот, високиот холестерол и крвниот притисок, исто така, имаат лошо влијание врз нашиот мозок.

Од што најчесто и најбрзо старее нашиот мозок и како да избегнеме да бидеме сенилни? Научниците открија кои се главните причини кои предизвикуваат да забораваме, да ни паѓа концентрацијата. Секако, постои и стандардното умирање на мозочните клетки што си доаѓа со возраста. Но, добрата вест е, ако ги следите овие совети и редовно се придржувате до нив, нема да имате никаков поголем проблем.

Што го предизвикува стареењето на мозокот?

Пушењето и пиењето алкохол се причина број еден, а понатаму дијабетесот, високиот холестерол и крвниот притисок, исто така, имаат лошо влијание врз него. Иако притисокот и холестеролот пред сѐ влијаат врз здравјето на срцето, тие му штетат и на мозокот. Истражувањата покажуваат дека високиот притисок води кон послаба когнитивна активност и ја зголемува можноста за Алцхајмерова болест.

За да се спречи или забави стареењето на мозокот, треба редовно да го вежбаме…
Тука помагаат разните игри, читањето, како и промената на одредени животни навики. Еве некои од нив.

Решавајте крстозбори, читајте или учете нешто

Пред сѐ, важно е да го одржуваме мозокот активен и постојано да му даваме нови задачи во облик на решавање крстозбори, загатки или едноставно – читање книги и написи на различни теми. Учењето нови работи секогаш помага.

Вежбајте, добро е за телото, но и за умот!

Покрај телото, преку вежбањето се зајакнува и мозокот. Физичките вежби го олеснуваат протокот на кислород до делот од мозокот кој служи за размислување. Покрај кардио-вежбите во комбинација со оние за сила, пешачењето исто така има одличен ефект.

Можат да Ви помогнат и одредени вежби во коишто е вклучен мозокот, како што е лежењето на грб и поместувањето на една нога со спротивната рака, наизменично.

Оревите се храна за мозокот

Често се вели дека одредени јадења се „храна за мозокот“. И ова се покажало како точно. Така, науката потврди дека медитеранската храна, оревите и конзумирањето многу овошје и зеленчук имаат корисен ефект врз работата на мозокот.

Витамин Д, Омега-3 и Б12 се едни од најбитните витамини

Витаминот Д е важен за помнењето. А подеднакво е важно и да се внесуваат Омега-3 масни киселини, витамин Б12, а доколку е потребно – и додатокот познат како „гинко“.

Добар сон значи помал стрес

Стресот може негативно да влијае на менталното здравје, па така, и на здравјето на мозокот. За да се ослободиме од вишокот стрес, можеме да практикуваме и медитација, да размислуваме помалку за грижите, а тука помагаат и техниките на дишење. Квалитетниот сон е основен и најважен фактор во оваа смисла.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This