дома Македонија ШТО Е БИТНО СЕА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, НАТО Е ШЕМАТА: Владата заборави да...

ШТО Е БИТНО СЕА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, НАТО Е ШЕМАТА: Владата заборави да го одбележи денот кога станавме членка на ОН

На денешен ден пред 26 години Република Македонија стана членка на Обединетите нации. На 8 Април 1993 година Македонија стана 181-ва членка во Светската организација.

Денес ниту една институција, ниту Владата, ниту Министерството за надворешни работи не го одбележа денот со кој на меѓународно ниво Македонија доби државен белег.

Во неколку наврати актуелната власт го истакнуваше менувањето на името на државата како почеток на нова историја, во кој очигледно нема место за датумите и настаните кои се случија во време на независноста на Република Македонија од септември 1991 година