дома Актуелно ШТО ЗНАЧИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП ВО САД ЗА МАКЕДОНИЈА: Трамп ќе се...

ШТО ЗНАЧИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП ВО САД ЗА МАКЕДОНИЈА: Трамп ќе се фокусира на домашната политика и ќе престане со вмешување во внатрешните работи на државите!

По изненадувачката победа на Доналд Трамп, политичките научници продолуваат со напорите да ја предвидат неговата преседателска стратегија, и што тоа ќе значи за светот. Американскиот експерт по национална безбедност Бредли Мос, направи предвидување дека новта надворешна политика на Трамп ќе биде нео-изолациона

Во неговото интервју за РИА Новоти Бредли Мос предвидува дека најверојатно ќе видиме мешавина од прагматична политика и нео-изолалционизам, сепак сеуште никој нема дадено конечна и сигурна анализа за тоа кои би можеле да бидат потезите на Трамп.

Имајќи ги во предвид сојузниците на САД, експертот вели дека новиот лидер најверојатно ќе го префрли и распореди финансискиот и воениот товар кој САД го носеше досега врз грбот на нивните сојузници. Мос продолжува да објаснува дека политиката на нео-изолационизам предвидува опуштање на воените обврски на САД кон другите земји, потсетувајќи дека за време на кампањата Трамп постојано повторуваше дека САД треба да ја преиспита улогата на САД во односите со сојузниците, особено со членки на НАТО од кои побара да си го плаќаат нивниот долг кон организација, наместо тоа да го прави САД за нив.
Трамп исто така истакнал дека ќе престане вмешувањето на САД во внатрешните работи на другите земји. На пример, зборувајќи за Украинскиот кофликт, Републиканскиот кандидат потенцираше дека тој проблем е поголема грижа на Европа отколку на САД и дека истиот ќе треба да си го реши самата Европа.

Неговите политички пораки пак во Рускиот политички научен кампус беа преведени како намера на Трамп повеќе да се фокусира на домашните работи, отколку на надворешната политика.

Ова ќе резултира со олабавување на притисокот врз буџетот на САД кој беше под огромен притисок поради големите трошоци за Американските бази низ светот и НВО организаии кои го промовира Американскиот модел на демократија. Исто така најверојатно ќе доведе до стабилизација на ситуацијата во Евроазија, особено ов земјите од блиско окружување на Русија, но и Балканот.