дома Македонија ШТО ПОБРЗО ДА ПРИФАТИМЕ ДЕКА ГОЦЕ БИЛ БУГАРИН?: Ангел Димитров со иницијатива...

ШТО ПОБРЗО ДА ПРИФАТИМЕ ДЕКА ГОЦЕ БИЛ БУГАРИН?: Ангел Димитров со иницијатива за вонредна средба со македонските историчари за Гоце Делчев

Ангел Димитров, претседателот на бугарската страна од Комисијата за историски прашања, ги повика македонските историчари на вонредна средба кон крајот на август за да се интензивираат моностите за изнаоѓање на конечно решение со кое ќе се дефинира ликот и делото на Гоце Делчев.

Ваквиот потег на Димитров следува по скората посета на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Скопје и неговото барање да се постигне консензус за македонскиот револуционер до октомври.

Предлогот на Димитров е комисијата да работи секојдневно и да ја заврши работата до октомври, вели тој за бугарското национално радио

– Тоа е моќно само ако македонската страна е подготвена за работење деноноќно. Местото за средбата сами да го изберат, шест средби до сега не се доволни. Треба да бидат поинтензивни и почести, вели тој.

Тој додава дека историчарите треба да утврдат кои се декларациите на Делчев за себе, за своето семејство и за средината во која живеел.