дома Актуелно ШТО САКА ДА СОКРИЕ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Првата наредба на Спасовски во МВР...

ШТО САКА ДА СОКРИЕ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Првата наредба на Спасовски во МВР е цензура на медиумите!

Што е тоа што техничкиот министер од СДСМ, Оливер Спасовски сака да го сокрие и зошто сите информации кои се од интерес на јавноста би морало да бидат контролирани од него?

Курир ја објави првата наредба на Оливер Спасовски со која се ограничува комуникацијата со медиумите. Спасовски во стилот на неговата партија, откако вторпат седна во министерската фотелја без да биде избран од народот, прва задача му е цензура на медиумите.

Прашањето кое се наметнува во јавноста е зошто тој би ценел што е важно за граѓаните и во која форма би можела одредена информација од МВР да биде проследена до граѓаните.

-Се забранува да се изнесуваат во јавноста информации, податоци и известувања преку соопштенија, брифинзи, конференции за медиуми, интервјуа, кампањи и слично, во врска со прашања од законски утврдениот делокруг на надлежности на МВР, без изречна претходна согласност од министерот за внатрешни работи, се вели во цензорската наредба потпишана од Спасовски.

Во првиот мандат, Оливер Спасовски беше жестоко критикуван дури и од медиумите под контрола на СДСМ/СОРОС за нетранспарентното работење и уривањето на угледот на Министерството за внатрешни работи.

Телма тогаш го обвини Спасовски за нетранспарентност и блокада на протокот на информации.