дома Македонија ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ВРАТИТЕ НА ГИНЕКОЛОГИЈА: Кој ќе понесе одговорност за...

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ВРАТИТЕ НА ГИНЕКОЛОГИЈА: Кој ќе понесе одговорност за црниот биланс на скопска гинекологија?

Црниот биланс во македонското здравство продолжува на Универзитетската клиниката за гинекологија во Скопје.

Млада трудница во четвртокот навечер била донесена на Клиниката за гинекологија откако матичниот гинеколог и дал вагиналети за да го умртви бебето, кое било во осмиот месец на бременоста. Бебето веднаш починало, а лекарите одвај успеале да го спасат животот на трудницата.

Несреќата да биде уште поголема, пред неколку дена беше обелодонета веста дека за само 24 часа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство починале 4 новороденчиња што за таква врвна институција е недозволиво.

Се прашуваме, дали одговорните од Министерството за здравство, пред се Заменикот министер за здравство Д-р Гоце Чакароски, кој патем е гинеколог, ќе понесат одговорност и ќе излезат со валидно објаснување за оваа трагедија, која и се случува на нашата држава.

Уште колку новороденчиња треба да изгубиме, уште колку мајки треба да ги изгубат своите рожби, уште колку родилки ќе починат на породување за Зоран Заев и СДСМ да разберат дека на македонското здравство му се потребни стручни, одговорни и високо едуцирани доктори и медицински персонал а не митаџии и поранешни осуденици, роднини на фармацевтски тајкуни и партиски послушници.

Очигледно е дека СДСМ не сака професионализација на здравството, туку преклопување на здравството со кадри блиски до власта, сврзани во фамилијарни бизнис шеми со врвот на СДСМ.