дома Хроника Што се лучува?: Изгopea четири возила во Скопје

Што се лучува?: Изгopea четири возила во Скопје

На 08.02.2021 во 00.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје настанал пожар во возило, по што пожарот се проширил и на соседните возила.

Од пожарот биле опожарени патничко моторно возило “киа делта“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Б.(49); патничко моторно возило “ауди А4“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице; патничко моторно возило “форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.В. и патничко моторно возило “пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице.

Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа. Извршен е увид на местото на настанот.