дома Македонија Што се случува?: Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбеднocт

Што се случува?: Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбеднocт

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, за утре, 23 септември, закажа седница на Советот за безбедност. Седницата ќе се одржи со почеток во 12 часот во Кабинетот на Претседателот во „Вила Водно“.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На осмата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.