дома Занимливости Што ќе каже Сања на ова: Слаткар во Амстердам покажува нешто многу...

Што ќе каже Сања на ова: Слаткар во Амстердам покажува нешто многу впечатливо

Неодамна магистрираше а сега се подготвува за нова песна и спот. Кога Слаткар вади спот тогаш сигурно има добро смислена и оригинална тема која со гаранција ќе и се допадне на јавноста.

Досега тоа го покажа и докажа многупати, што стана негов препознатлив печат од својата и музичката индивидуалност која ја промовира како „Слаткаристика“.

Овој пат преку една фотографија на Инстаграм ја заинтригира јавноста. На прв поглед има променет изглед, од брадата до новата фризура и очилата во боја.

Сепак позадината покажува нешто многу повпечатливо, особено за машките очи.

Марко се фотографираше пред излогот на „Улицата на црвените фенери“ или популарно наречената Red light district во Амстердам. Иако во описот дополни дека новата песна наскоро доаѓа, не додаде дали пред жешкиот црвен изглед само се инспирира или тековно снима и нов спот.

Инспирација или нешто друго, на Сања сигурно не и било сеедно.

Извор: Вистина.мк