дома Балкан Штo ce cлyчyвa co тлoтo нa Хрватска???: Oд 28-ми дeкeмвpи дo дeнecкa...

Штo ce cлyчyвa co тлoтo нa Хрватска???: Oд 28-ми дeкeмвpи дo дeнecкa peгиcтpиpaни нaд 800 зeмjoтpecи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на владиниот состанок денеска објави дека од 28 декември во државата се регистрирани над 800 земјотреси. Тој рече дека досега се регистрирани 41.500 оштетени објекти и се заблагодари на сите што испратија помош за жртвите од земјотресот, на волонтерите и на донаторите.

Хрватската Влада усвои предлог за проширување на надлежностите на Законот за реконструкција на Град Загреб, Крапинско-Загорска и Загрепската жупанија, како и на Сисачко -Мославската и Карловачката, што беа погодени од разорниот земјотрес на крајот на минатата година.

Нацртот на изменетиот Закон е ставен во собраниска процедура и со него се предвидува спроведување на процедури за обновување и станбено згрижување во уште две жупании, како и санирање на дополнителна штета предизвикана од тие земјотреси.

Министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот, Дарко Хорват, на прес-конференција изјави дека државата целосно ќе финансира реконструкција на недвижен имот во областа каде е прогласена состојба на катастрофа, јави агенцијата Хина.

За домаќинства чии куќи во областа не се погодни за живеење, државата се обврзува да им обезбеди привремено сместување.