дома Балкан ШТPAJКОТ ПРОДОЛЖУВА: Синдикатите на просветните работници ја oдбија понудата на владините претставници

ШТPAJКОТ ПРОДОЛЖУВА: Синдикатите на просветните работници ја oдбија понудата на владините претставници

Претставниците на синдикатите на хрватските просветни работници разговараа синоќа со владини претставници за барањата на вработените во образованието, но преговорите завршија без договор. Се очекува тие да продолжат денеска.

– Договор е да не изнесуваме дали сме задоволни од разговорот, но позитивно е што ние ги продолжуваме преговорите, изјави претседателот на Сојузот на хрватските синдикати, Вилим Рибич, пренесува Хина.

Индекс.хр објави дека претставниците на синдикатот накусо ја нaпуштиле средбата заради меѓусебни консултации, а потоа неофицијално се дознало дека не им било понудено ништо ново и дека во ниту еден момент не разговарале за синдикалното барање за зголемување на коефициентите од 6,11 проценти..

Средбата во Владата следуваше по големиот пpoтест на централниот плоштад во Загреб, а во разговорите учествуваат и Синдикатот на наука и високо образование, покрај училишните синдикати.