дома Европско првенство Шok за Хрватска: Иван Перишиќ фати kopoна пред meчот со Шпанија

Шok за Хрватска: Иван Перишиќ фати kopoна пред meчот со Шпанија

Голем шок ја потресе Хрватска пред осминафиналната пресметка со Шпанија утре од 18 часот во Копенхаген, откако еден од најдобрите фудбалери Иван Перишиќ има коронавирус и отпаѓа од комбинација за мечот со „црвената фурија“.

Перишиќ беше стрелец на два од четирите гола што Хрватска ги даде во групната фаза, патем асистираше и на еден и сега „коцкестите“ и селекторот Златко Далиќ ќе мора да најдат алтернатива за него, но секако многу ќе недостига во тимот, посебно со своите пробиви по левата страна.

Анте Ребиќ, Милсав Оршиќ или Јосип Брекало, според најавите ќе бидат алтернативата за позицијата на Перишиќ, кој оди во десетдневна изолација, а Хрватска ако ја помине Шпанија, ќе го прескокне и четвртфиналето со подобриот од осминафиналниот дуел Франција – Швајцарија.

Хрватскиот сојуз објави дека сите останати фудбалери се негативни.