дома Спорт Ѓоковиќ за малку ќе го пoBpeдеше риBaлот со He3годен удap (ВИДЕО)

Ѓоковиќ за малку ќе го пoBpeдеше риBaлот со He3годен удap (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Алехандро Давидович Фокина во осминафиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) со 6-3 и 6-1

Фокина се обидуваше да се одбрани од нападите на Србинот, а за малку Ѓоковиќ можеше да го повреди неговиот ривал поради еден незгоден удар.

Шпанецот беше свесен дека ќе загуби еден поен и излезе само на мрежа за да го збуни Ѓоковиќ, кој испрати незгоден удар и за малку ќе го погодеше ривалот во неговата глава.

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ без многу мака го совлада Алехандро Давидович Фокина со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-1 и избори пласман во четвртфинале на Олимписките игри.

Србинот го доби првиот сет со 6-3, откако во четвртиот гем направи брејк (3-1), кој го задржа до крајот и не му дозволи на противникот да се врати во игра.

Во вториот сет Ѓоковиќ направи три брејка и со 6-1 го нокаутира неговиот ривал, па во четвртфиналето на турнирот ќе игра против Кеи Нишикори.