дома Спорт Ѓоковиќ победува на рутина во Њујорк

Ѓоковиќ победува на рутина во Њујорк

Новак Ѓоковиќ триумфално ја почна одбраната на трофејот на УС Опен, откако вечерва без многу мака триумфираше ссо 3-0 против Шпанецот Карбалјес Баена. Српскиот тенисер не одигра на своето вообичаено ниво, но и она што го прикажа беше сосема доволно за да стигне до триумф, за помалку од два часа игра.

Мечот беше израмнет до 4-4 во првиот сет, по што Ѓоковиќ го направи првиот брејк и поведе со 1-0. Потоа тој рутински триумфираше во вториот сет со 6-1, за во третиот повторно да стигне до триумф со еден направен брејк (6-4). Првиот носител го заврши мечот со 24 винер-удари и 30 неизнудени грешки, а во второто коло ќе се сретне со подобриот од дуелот Квери – Лондеро.

Ешли Барти се соочи со неочекувани проблеми на стартот откако губеше со 0-5 на самиот почеток од мечот со Дијас од Казахстан. Таа го загуби првиот сет со 1-6, но се разбуди во вистински момент и направи целосен пресврт (6-3, 6-2) за пласман во второто коло.

За одбележување е и извонредниот настап на ветеранката Венус Вилијамс, која својот нов настап на УС Опен го почна со убедлива победа над Женг од Кина со 6-1, 6-0.