February 26, 2024, 6:46 pm

Ѓоргиев: Гоце Делчев не е единственото прашање кое и пречи на Бугарија, има и друга низа прашања во однос на македонската историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во емисија „Што не е јасно“ гостуваше Ванчо Ѓоргиев – член на мешовитата комисија со Бугарија кој што посочи дека Гоце Делчев не е единственото прашање кое и пречи на Бугарија, има и друга низа прашања во однос на македонската историја.

„Гоце Делчев не е единственото прашање, туку станува збор за една комплетна стратегија од страна на Бугарија во контекст на историското минато. Но, тоа не е само за историското минато туку тоа повлекува и сeриозни политички импликации“, истакна Ѓоргиев.

Ѓоргиев додаде дека Бугарија во македонската историја гледа зakaна.

„Соседите односно Бугарија се обиде пpоблемот со Гоце Делчев да го претстават како европски спор но не им помина во ЕУ“, рече Ѓоргиев.
Ѓоргиев посочи дека тој е граѓанин на државата Македонија, и секогаш ќе ги застапува интересите на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This