дома Македонија ЃОРЧЕВ ДО ПАВЛЕ: Неразбраните трговци како Павле Богоевски велеа дека промената на...

ЃОРЧЕВ ДО ПАВЛЕ: Неразбраните трговци како Павле Богоевски велеа дека промената на името на државата е во главата на вмровците

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет, Влатко Ѓорчев разговараше за теми поврзани со референдумот и со промената на уставното име на Република Македонија.

– Овие неразбраните трговци како Павле Богоевски велеа дека промената на името на државата е во главата на вмровците. Нас овие неразбрани трговци не ни рекоа дека ќе го менуваат Уставот на Република Македонија, тие ни ветуваа дека граѓаните ќе добијат плата од 500 евра , дека нема да има непотизам, истакна Ѓорчев.

Тој потсети и дека референдумот кој го организираше СДСМ беше со полнење на кутии, со голем број нерегуларности. Имено тој посочи дека за време на референдумот СДСМ го лажеше македонскиот народ дека ќе се задржи зборот македонските, па зошто ако се задржува тој збор зошто тогаш се смени името на Македонската радио телевизија.