дома Македонија ЃОРЧЕВ: Ова е последната година од владеењето на Заев, ќе има Пржинска...

ЃОРЧЕВ: Ова е последната година од владеењето на Заев, ќе има Пржинска Влада

Во вчерашната емисија на Александар Чомовски „Отворено студио 1”, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Блатко Ѓорчев истакна дека Република Македонија влегува во последната година од владеењето на Заев и СДСМ и ќе има пржинска влада.

„На премногу страни Заев има ветено. Тој е во една ситуација која во подолго време во подолги години на секој му кажува она што тој сака да го чуе. На сите им вети, но најважно од се, како премиер, ги излaжa граѓаните и го излажа народот. Нема работа за која не е излaжанo“ – изјави Ѓорчев.