дома Политика ЃОРЧЕВ ПОВИКА НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ: Оваа борба ќе трае, утре масовен протест...

ЃОРЧЕВ ПОВИКА НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ: Оваа борба ќе трае, утре масовен протест пред Кривичен суд и активности во сите општини!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска на протестот пред Министерството за Правда ги повика сите граѓани утре во 18 часот на масовен протест пред Кривичниот суд.

-Од името на ВМРО-ДПМНЕ ве замолувам да дојдете и утре, тука не продолжуваме, во 18 часот пред Кривичниот суд, а претходно од 15 до 17 часот ќе имаме и тековни активности низ општините. Ова ќе трае, ова е почеток на борбата за Македонија и оваа борба никогаш, никогаш не сопира, секоја генерација има своја битка. Ќе се слуша Македонија уште многу лета и многу векови, утре е важен ден, утре се носат одлуките по повод жалбите, сакаме луѓето да се вратат дома кај своите семејства, потенцира Ѓорчев.