дома Политика ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СО НАД 35 НОВИ УЛИЦИ И ПАТИШТА: Мисајловски вети ревитализација...

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СО НАД 35 НОВИ УЛИЦИ И ПАТИШТА: Мисајловски вети ревитализација на патната инфраструктура во Ѓорче Петров!

Сакам да споделам одлична вест за жителите од Ѓорче Петров. Во следниот период преку Министерството за транспорт и врски во општината Ѓорче Петров ќе изградиме и реконструираме преку 35 локални патишта и улици, напиша на својот ФБ профил министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

-Уште една добра вест за жителите на населеното место Волково е тоа што веќе од следниот месец започнуваме со доизградба на канализцијата во ова место. Ова е нашиот придонес за поквалитетен живот во општината Ѓорче Петров. Ова е РЕАЛНО, РАБОТА-СИГУРНОСТ-НАПРЕДОК, напиша Мисајловски.