дома Македонија ЃОРЃЕ ИВАНОВ ПРЕЧЕКАН СО НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ И ВОЕНИ ПОЧЕСТИ ВО ЈОРДАН: Кралот...

ЃОРЃЕ ИВАНОВ ПРЕЧЕКАН СО НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ И ВОЕНИ ПОЧЕСТИ ВО ЈОРДАН: Кралот на Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин со кралски пречек за Претседателот Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов, вчера во Кралската палата Ал Хусеин во Аман, со највисоки државни и воени почести беше пречекан од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин.

На средбата беше потврдено пријателството меѓу Македонија и Кралството Јордан.

Македонскиот претседател денеска ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, Омар Разар, со претседателот на Сенатот, Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом Атеф Таравнех, како и со членови на Претставничкиот дом.