December 3, 2023, 4:17 pm

Ѓорѓе Иванов, УБК, Жоро и Дешо – Вистината за 27.април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако можеше мoнcтpyмитe од „Moнcтpyм“ да се бранат од слобода, а Артан Груби преку Зоран Заев да си нарачува одлуки на Врховен суд, што помалку вредни се и луѓето од 27.април? Зошто овие луѓе ги немаат истите права и можност – ако ништо друго, за фер и правично судењењ.

Зошто никој не се занимава со новите докази и тврдења во врска со организацијата на 27.апри? Зошто никој не го слуша екс-претседателот Иванов или снимките и исказите кои се објавија минативе 10 дена?

Ако на некој треба да му се заблагодариме за отворање на темата во врска со организаторите на 27.април, особено во овој момент, тогаш недвосмислено ќе кажам дека тоа е Љупчо Палевски – Палчо, мислам како поединец кој неуморно инсистираше оваа тема да биде главна на почетокот на овој месец во емисијата која на „Инфомакс“ веќе се емитува 19  недели. 

За ова, му благодарам, а оние кои се засегнати од трагедијата приредена од организаторите на овој грозоморен чин, сега имате и адреса каде можете да се заблагодарите.

Парадоксот на секоја трагедија, па и на оваа (27 април), барем според Аристотел, е неизбежноста на катарзата, чии претходни стадиуми се гневот, тагата и барањето по вистината. А кога ќе стигнеме до последниот чин, ја доживуваме вистината – катарзата. 

Трагедијата наречена 27. Април започнува со одигрување на својот прв чин 66-67 дена претходно, откако на улиците на главниот град, но и во повеќе градови низ државата десетици илјади луѓе секојдневно протестираа, противејќи се на т.н. Тиранска платформа со која Албанските партии во Македонија поставија услови без чие исполнување ниту една од потписничките на оваа платформа нема да прифати коалиција со Македонска партија која не ги прифаќа барањата содржани во тој документ – од двојазичност до промена на име. 


Да бидеме кратки, бидејќи фокусот на текстот е сценаристот – „За заедничка Македонија“ служеше како одлична платформа врз која понатаму ќе се товари т.н. Крваво сценарио.

Некаде десетина дена пред кобниот 27.април, во јавноста на големо веќе се зборуваше за некакви немири, некакво сценарио кое ќе вклучува и насилство па и обид за пуч. Набрзо потоа, овие шпекулации се материјализираа во неколку новинарски текстови, кои последователно беа дозирани преку неделникот „Фокус“, а во кои јавноста беше подготвувана дека наскоро ќе следи крваво сценарио при што ќе биде прогласена воена состојба, ќе бидат уапсени „пучистите“, а оние кои ќе го бранат уставниот поредок ќе бидат наградени со аболиција – со тоа поттикнувајќи ги слободно да вршат кривични дела, за кои подоцна ќе бидат помилувани. 

Не знам дали колегата, сегашен заменик-министер Зоран Димитровски-Жоро во тој момент бил свесен за улогата која ја има во ова крваво сценарио, како што и самиот го нарече, но неговата улога ќе биде клучна во атентатот врз демократијата во Македонија и инсталирањето на диктатор. Сетики, неговиот текст ја трасираше релевантноста на приказната која им се продавала и на учесниците на протестите на „За заедничка Македонија“ и патриотските здруженија. За ова во „Тешки Муабети“ на Инфомакс сведочеше и Дејан Давидовски – Дешо, учесник во сценариото – прва рака:

  • Во тој период така ни беа перени мозоците од Убк Владимир Атанасовски Никола Бошковски и секако командантот Сашо Мијалков, тврди Дешо, инаку сега политички азилант во Шведска, земја која одби да го екстрадира во Македонија бидејќи тамошните власти се плашат дека тој би бил жртва на политички прогон.

     

Понатаму, во сведоштво за „Инфомакс“, Дешо дообјаснува дека незнаејќи во тој момент дека биле излажани и, како што вели, со испрани мозоци, како кленови на дудинка ја голтнале мамката. За сценариото не им станува јасно се до моментот додека не се наоѓаат во „Жена Парк“ по веќе завршен чин во Собранието.

  • Излегувај нешто се случува, не местат. Излеговме од Собрание тука веќе во Жена Парк беше Никола Бошковски беше Горан Грујевски началникот, стоеа тука, требало да се прогласи вонредна состојба. Ниту вонредна состојба ниту ништо. Не местеше УБК, Владе (Атанасовски) таму и неговите началници, Нинџа беше таму и вработен.

И, вака изгореа 17 невини татковци, браќа, чичковци, синови. Осудени на два века затвор. И, се надевам дека сега му е јасно на колегата новинар, сега заменик-министер дека пред објавување на своите сознанија, добро е и да ги провери, па некогаш и да премолчи ако смета дека е ставен во некаква игра – не секогаш омразата е најдобра мотивација, нели?

Пред некој ден, екс-претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов се осврна токму на овој текст, кој во неделникот „Фокус“ беше објавен неколку дена пред 27.април, насловен како „крваво сценарио“, повикувајќи на истражувачкото новинарство да истражи кој го нарачал тој текст и како тие шпекулации преку ноќ станаа вистина. 

Она што всушност апелираше претседателот Иванов во своето соопштение беше – најдете кој го нарачал текстот, ќе дознаете и кој го организирал 27.април.

И тоа го направивме. 

Во разговор со „Инфомакс“, авторот на текстот Зоран Димитровски – Жоро, сега заменик-министер во владата на СДСМ,  тврди дека информациите за неговиот текст ги добил од добро информирани претставници на Армијата на Р.Македонија, односно од припадници на безбедносно-разузнавачкиот сектор во полицијата. Луѓе, со кои како што вели, имал изградени добри односи низ годините како новинар. 

Но, прво да видиме што напишал Жоро во текст за „Фокус“ неколку дена пред кобниот 27.април.

– „Како што дознава „Фокус“ од високи извори во АРМ, пред Велигден била организирана посета на специјално избран армиски и разузнавачки тим од страна на претседателот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на воено-инфраструктурните објекти во шумскиот резерват „Јасен“. Тимот бил испратен во мисија на подготовка на објектите за сместување на Груевски, Иванов и нивните семејства, за време на евентуална воена состојба. Воениот штаб и засолништето во „Јасен“ треба да му послужат на претседателот за командување со операцијата на апсење на „пучистите“ откако СДСМ и партиите на Албанците ќе изберат собраниски спикер и влада“, пишува во текстот објавен на Фокус.

Во изјава за „Инфомакс“, бившиот колега новинар не го негира напишаниот текст, ниту пак изнесените информации, туку објаснува дека, како што објаснивме и погоре, тој верувал на своите извори бидејќи биле сериозни луѓе.

  • „Јас се сеќавам, јас што сум пишувал, бидејќи имаше два три-текста пишувани во контекст на целата состојба околу предавањето на власта итн“, објаснува Жоро, додавајќи дека во тој момент тој не можел да знае дали сценариото за кое пишувал ќе се случело на 27.април – „Јас сум немал никаква информација 27-ми април претходно, ниту би можел да имам таква информација. Значи јас имав информација од висок извор во Армијата на Република Македонија во Генералштабот дека се направени одредени подготовки, теренски подготовки, дека возила армиски биле на терен во резерватот Јасен и дека таму фактички снимале во каква подготвеност се засолништата за да видат дали евентуално таму би можел да се засолни државниот врв во случај на воена состојба. Е ова е информацијата која јас ја добив. Врз основа на тоа, јас немав навистина причина да не му верувам бидејќи се работеше за висок извор од АРМ говорам од Генералштабот“ – објаснува Зоран Димитровски во изјава за „Инфомакс“.

Понатаму објаснува дека овие информации се обидел да ги потврди и со тогашниот советник за безбедност на претседателот Ѓорѓе Иванов, Синиша Алексовски, од кого добил негативен одговор. 

  • „ Другото кое јас го пишувам во текстот фактички се прашања, јас разговарав тогаш со Синиша Алексовски и се обратив до кабинетот и тие ми кажаа дека тоа се глупости. Јас тоа го имам напишано дека од кабинетот го негираа, негираат било какви подготовки за воена состојба.“, изјавува Димитровски за „Инфомакс“.

По и покрај демантот од кабинетот на претседателот Иванов, тој сепак го објавил текстот, притоа, необидувајќи се да најде уште една потврда за инфромациите кои му биле дадени од страна на висок претставник на АРМ, притоа субјективно оценувајќи го неговиот извор како „сериозен“.

  • „Меѓутоа јас во текстот бидејќи ми беше изворот навистина сериозен го образложив тоа, напишав каква била фактичката состојба, дека возило било на терен, ги разгледувало тие објекти. Објаснив што е Јасен од кое време се објектите, дека се од времето на поранешна Југословенска народна армија, дека тие објекти се засолништа за евентуален нуклеарен напад во време на Југославија и во каква состојба се, дали можат да се употребуваат за засолништа. И натаму во текстот пишувам во контекст на тоа, дали евентуално се подготвува нешто слично на воена состојба.“ – вели Жоро.

Покрај негирањето од страна на кабинетот, неверојатноста на сказната која била предочена пред бившиот колега, истиот, или не разбрал дека е дел од игра која може да ја втурне државата во сериозна безбедносно-политичка криза, или пак бил дел па само си ја одигрувал улогата. 

– „Крваво сценарио знам дека има таков наслов, се сеќавам. Не сум имал информации за што ќе се случува на 27 април, единствено нешто што сум можел да претпоставам според сите информации кои што ги имав од терен во смисла на тоа дека имаше демонстрации на „Заедничка Македонија“, имаше еден вид на опструкција во парламентот да се дискутира во врска со т.н. Тиранска Платформа и дека тоа беше причина да се спречи примопредавање на власта на некој начин, да се формира новото парламентарно мнозинство кое што беше договрено. И сметав дека ако оди во недоглед таа ситуација дека навистина некој ќе се обиде.“ – додава заменик-министерот за локална самоуправа, бивш новинар. 

Но во истата изјава за „Инфомакс“, Димитровски отфрла било каква директна инволвираност во сценариото 27.април, притоа посочувајќи дека во тој момент „крваво сценарио“ била вистинска можност знаејќи со „каков тип на разузнавачки структури си имаме работа во државата“, па искрено објаснува дека неговиот текст бил пишуван на база на едуцирани претпоставки.

  • „Сега искрено да ви кажам дека ова беа мои претпоставки познавајќи со каков тип на разузнавачки структури си имаме работа во државата, тука повеќе мислам на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, говорам во тоа време за братучедот Сашо Мијалков. И познавајќи го сето тоа јас немав директна информација, меѓутоа во разговор со луѓе и што се од службите и ја познаваат областа ми беше речено дека… ова значи пак говорам луѓе од областа на безбедност, разузнавачки структури итн. со кои што јас имам изградено врски како новинар низ годините. Значи луѓето претпоставуваа дека ќе дојде до крваво сценарио и не случајно го напишав тоа.“ – објаснува Жоро.

Понатаму во изјавата вели дека истите извори кои предупредиле дека во Македонија е можно некакво насилничко сценарио, знаат и кој подготвувал такво сценарио.

  • „Јас ги немав ниту тие имаа директна информација што и кога ќе се случи, туку мене ми беше речено, дека Мијалков, вака со овие зборови, Мијалков власта нема да ја предаде на мирен начин, не Груевски туку Мијалков. И тоа ми беше речено. Од тој аспект гледано јас немав информација дали на 27, дали на 25 април или на било кој ден нешто ќе се случува од тој аспект, едноставно се совпадна можеби недела дена претходно бидејќи ситуацијата беше малку и зовриена.“ – заклучува Жоро.

На крајот на изјавата, Зоран Димитровски ја има истата дилема како секој друг нормален човек во државата, зошто директорот на УБК од тој период не е меѓу обвинетите за организација на 27.април.

– Но во тој период службата ја водеше Сашо Мијалков да не се лажеме. Значи сето она кое што се случи во парламентот јас го препишувам на таа структура без оглед дали судот има различни интерпретации, нешто друго можеби се случува. Искрено да кажам не знам зошто Сашо Мијалков не е обвинет во таа приказна.

Ако мене лично ме прашувате (А.М), не знам за Миќо, Ѓорѓе Иванов има еднаква одговорност за затворените уставобранители како и оној кој ги намести во темните ќелии на затворите во Идризово, Штип, Куманово, Шутка. Бидејќи, еднаква е одговорноста на оној што го копа гробот, и на оној што иако има лопата, одбива да ве откопа од истиот. 

Иванов, имаше шанса – не ја искористи. И образложенијата дека бил под закана се, смешни – смешни се бидејќи, навистина е несериозно човек кој превземајќи ја највисоката функција во државата, да заборави дека истата таа функција со себе ја носи и еквивалентно најголемата одговорност во државата, а цената може да биде и живот!

Но, за едно мора да признаеме – Иванов зборуваше за вистината уште пред три, односно четири години. 

Во своите обраќања пред пратениците во Собранието на Р.Македонија, јасно посочи дека во Македонија најголемиот генератор на уставни, институционални и безбедносни кризи несомнено е УБК.

  • „А кога веќе ја споменувам Управата за безбедност и контраразузнавање, ќе ве потсетам дека уште минатата година зборував дека УБК е жариште на политички, институционални и безбедносни кризи. Наместо да ги спроведува законите, УБК работи надвор од својот законски мандат.“, велеше Иванов, додавајќи дека оваа состојба е последица на една голема заблуда на политичките актери.

Според Иванов, секоја партија која доаѓа на власт се амбицира да ја контролира УБК, притоа наоѓајќи се себеси како контролираната страна – марионета.

  • „Ова е последица на една голема заблуда. Секоја партија што доаѓа на власт мисли дека ќе може да ја контролира УБК, за на крајот да сфати дека УБК е таа што контролира. Како и неколкупати претходно во минатото, така и сега УБК се користи како алатка за конструирање на лажни случаи со цел реваншизам, гонење и уцена. Тоа е машинерија за делегитимирање на институциите на државата, како што впрочем неодамна почувствувавме. УБК е еден од главите инструменти за вршење уцена.“ – констатира Иванов.

На крајот, екс-претседателот зборува и за неговата наводна вмешаност во сценариото за крвавиот 27.април.

  • „Сите ние ја заслужуваме вистината. А единствената вистина во врска со она за што ме обвинуваат е следната: сценарио за воена и вонредна состојба немало, освен ако во Република Македонија не функционирал паралелен Врховен командант на вооружените сили и паралелен Генералштаб на Армијата на Република Македонија, и ако некој не го злоупотребил моето име за свои цели.“ – вели Иванов во своето годишно обраќање пред пратениците во 2018 година. 

Директно прашање на Иванов му поставивме и ние од „Инфомакс“, а прашањето беше јасно и едноставно:

– Дали тој кој му вршел притисок за прогласување воена состојба е Сашо Мијалков?!

На ова, од кабинетот на екс-претседателот Иванов, одговорија:

  • Никогаш во неговиот 10 годишен мандат не потклекнал на ниту еден од мноството притисоци упатени кон него и неговиот кабинет. Останува се уште неразјаснето како можел авторот на текстот во неделникот, недела дена пред настаните на 27.ми април, да знае дека ќе има крваво сценарио и дека ќе се воведе воена состојба?
    Останува на истражувачкото новинарство да го анализира текстот од денесен аспект и да го пронајдат креаторот на крвавото сценарио, најавено од авторот на текстот на неделникот. Исто така, останува да се истражи кој е вистинскиот извор на дезинформацијата, пренесена на уцесниците во настаните на 27ми април, кој ветувал неосновано и лажно дека  претседателот Иванов ќе прогласи воена состојба а подоцна и аболиција?
    Во годишните обракања на претседателот во 2017 и 2018 е даден одговор на многу од вашите прашања, вклучително и дилемата дали постоел паралелен Врховен командант и паралелен Генералштаб. 

Она што е важно во овој одговор на претседателот Иванов, е фактот дека тој ниту потврди, но уште поважно не демантираше дека човекот кој вршел притисок врз него е екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.

На крај на овој текст, ќе потсетам на сведочењето на Дешо за Инфомакс, поточно во неговата објава за намерата да гостува во „Тешки Муабети“:

  • Во наредниот период ќе објавам и Разговори во Аудио и Видео запис во врска со 27 Април водени мегу партиските функционери и Сашо Мијалков * тогашниот директор на Убк Владимир Атанасовск*и и Функционерите на Убк 5 та управа Горан Грујевски, Никола Бошковски и тогашниот златен командир Митко Чавков! – напиша Дејан Давидовски-Дешо, политички азилант во Шведска и жртва на политички прогон во Македонија.

А.Митовски
М.Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This