дома Политика Ѓулистана Марковска влегува во трка за градоначалник на Кисела Вода

Ѓулистана Марковска влегува во трка за градоначалник на Кисела Вода

Ѓулистана Марковска ќе биде граѓански кандидат поддржан од коалиција „Со граѓаните ДОМ и ЛДП“.

„Телма“ објавува дека нејзината кандидатура за градоначалничка на скопската општина Кисела Вода ќе биде промовирана во текот на утрешниот ден.

Марковска е доктор специјалистка за очни болести. Таа беше пратеник во првиот парламентарен состав на Македонското Собрание во 1991 година.

Таа имаше уште еден пратенички мандат од 1998 до 2002 година.