дома Македонија “ЈАВНА СОБА” Е САЈБЕР И РОДОВО НАСИЛСТВО: “Тие предаторите, тоа е веројатно...

“ЈАВНА СОБА” Е САЈБЕР И РОДОВО НАСИЛСТВО: “Тие предаторите, тоа е веројатно и можна педофилска мрежа која треба да ја гони полицијата”, рече Змијанац

Јавна соба“ е сајбер и родово насилство. Малку се говори за превенција за заштита на лични податоци од сајбер насилство, злоупотреба на фотографии, десиминација и дистрибуција, но и сексуално образование, вели директорот на Меѓаши, Драги Змијанац во емисијата „Отворено“, говорејќи за групата „Јавна соба“ на Телеграм.

 

 

 

Тие предаторите, тоа е веројатно и можна педофилска мрежа која треба да ја гони полицијата. Девојчињата во секој случај се жртви. Имало и лажни профили со фотографии од девојчиња, но имало и реални фотографии. Она што е важно е што кога отвараат Инстаграм, треба да си ги заштитат профилите и да внимаваат какви фотографии ставаат. Не ја префрламе вината кај децата, но треба да се заштитат, рече Змијанац.