Во гостувањето во емисијата „Ѕид“, лидерот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски вели дека членството во НАТО е чисто политичко прашање. Според него, изјавата на Столтенберг прво да се промени името, па потоа ќе имаме влез во НАТО, е само една закана од негова страна.
Тој притоа додаде дека реформите се потребни за нас, но притоа додаде дека и политичкиот дијалог е многу важен. Според него начинот како се однесува Заев и СДСМ ќе ги отурнат од себе и оние неутралните. Јакимовски вели дека е уверен дека референдумот нема да пројде и дека народот нема да излезе.