дома Социјални Мрежи Јакимовски во ШОК – Биваше ли да сте дотолку неспособни

Јакимовски во ШОК – Биваше ли да сте дотолку неспособни

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во шок откако Инфомакс ја пренесе изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ која говорејќи за донацијата од 8 илјади вакцини за Македонија посочи дека нашата држава се уште не е подготвена да ја прими и да ја спроведе вакцинацијата.

-ЉУДИ ПА ЈЕ ЛИ ТО МОГУЧЕЕЕЕ!!!

Во утринската емисија на ТВ Хепи под наслов „Добро јутро“ гостуваше српската премиерка Ана Брнабиќ. Што би рекла Шеќеринска: Се шокирав!

Брнабиќ рече дека доделените 8000 вакцини за Македонија не можеле да бидат испорачани затоа што ние не сме биле подготвени да ја примиме и ја имплементираме на граѓанството.

Не ми се веруваше. Што би рекла Шеќеринска ова е дно, пишува на Фејсбук лидерот на ГРОМ.