дома Македонија ЈАКИМОВСКИ: И со тенкови да тргнат на мене на 30-ти ќе бојкотирам

ЈАКИМОВСКИ: И со тенкови да тргнат на мене на 30-ти ќе бојкотирам

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во изјава за медиумите истакна дека низата кривични пријави кон него се резултат на неговите партиски активности и неговиот став за бојкот на престојниот референдум за промена на името. Сепак тој вели дека на власта нема да и успее притисокот  дури и ако кон него тргнат со тенкови, на 30-ти септеври тој и неговата партија ќе бојкотираат.

-Ова само јасно покажува дека нивната намера да вршат притисок врз мене, врз мојата партија нема да им успее, не со кривични пријави со тенкови да одат на мене на 30-ти септември не излегуваме на гласање ќе си правиме ајвар, а нивното отрезнување ќе дојде после 30-ти септември кога народот ќе им каже тоа што има да им каже, вели Јакимовски.