дома Социјални Мрежи ЈАНИ БОЈАЏИ ОТВОРЕНО ЈА ПОДДРЖА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Режисерот Бојаџи преку видео...

ЈАНИ БОЈАЏИ ОТВОРЕНО ЈА ПОДДРЖА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Режисерот Бојаџи преку видео даде поддршка за Силјановска

Режисерот Јани Бојаџи преку видео порака упати поддршка на кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова.

-Благодарност до Јани Бојаџи за поддршката. Благодарност и до Марко, Дореана и Далип за испратените видеа. Испратете ми селфи фотографии да направиме видео, сите сплотени за едно, за Правда за Македонија, напиша Силјановска на својот Фејсбук споделувајќи го видеото.

Бојаџи, во јавноста стана актуелен откако неговиот филм „Ругање со Христос“ наиде на цензура од страна на властите во Македонија, односно Министерството за култура го забрани неговото емитување.