дома Македонија ЈАНКУЛОВСКА ВО СУДОТ БЕЗ ОДБРАНА: Расправата за случајот „тенк“ одложена!

ЈАНКУЛОВСКА ВО СУДОТ БЕЗ ОДБРАНА: Расправата за случајот „тенк“ одложена!

Апелациониот суд денеска требаше да одлучува по жалбата на Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи за случајот „Тенк“.

Јанкуловска доби шест години затворска казна за местење на спецификациите од тендерот за „мерцедесот“ во вредност од 600.000 евра.

Расправата се одложи за 25 февруари поради отсуство на нејзините адвокати.

За истиот случај на Ѓоко Поповски му се уважи жалбата со која му се намали казната на четири и пол години затвор. Никола Груевски доби две години казна затвор.