Јапонија почна да регрутира нови астронаути – Прв јапонец на месечината пред 2030 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонија денес започна со кампања на регрутирање астронаути со цел да испрати мисија на Месечината во втората половина на 2020-тите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

За прв пат по 13 години, Јапонската вселенска агенција (JAXA) објави регрутирање за посакуваното место, кое најверојатно ќе заврши до 2023 година.

„Бараме луѓе кои можат да придонесат за развој на аеровселенсото истражување и развој од различни области, не ограничувајќи се на искуството од аеровселенската индустрија“, се вели во соопштението на JAXA.

Минатиот октомври, поранешниот јапонски министер за образование и наука, Коичи Хагиуда, рече дека целта е за прв пат да има Јапонец на Месечината.

Јапонија има седум астронаути како дел од Јапонската агенција за аеровселенски истражувања (ЈАXА) и тројца од нив веќе отпатувале во вселената.

Избраната група астронаути би можела да биде дел од проект за истражување на Месечината предводена од САД.

„Од сега па натаму ќе бараме пријавување на секои пет години за да одржуваме група астронаути [во подготвеност]“, рече Коичи.

За оваа позиција досега се пријавиле најмалку 963 лица.

САД имаат за цел да испратат луѓе на Месечината до 2024 година, во рамките на нивната програма „Артемис“, за прв пат од мисијата Аполо 17 на НАСА во 1972 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This