дома Свет ЈА НАПУШТИЈА КОНФЕРЕНЦИЈАТА: Ердоган и Помпео ја напуштија Берлинската конференција

ЈА НАПУШТИЈА КОНФЕРЕНЦИЈАТА: Ердоган и Помпео ја напуштија Берлинската конференција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и државниот секретар на САД, Мајк Помпео ја напуштија Берлинската конференција за Либија, јави ДПА.

Ердоган ја напушти германската канцеларија со дел од својата делегација.

Според извор на ДПА, „турската страна одигра конструктивна улога на самитот“.

Меѓународната конференција за Либија продолжува во Берлин. Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, изјави за „Спутник“ германски владин извор.

Останува нејасно зошто турскиот лидер го нaпушти Берлин, пред крајот на конференцијата.