дома Македонија “ЈОВЕВСКИ ДО КОГА ЌЕ ГО КРИЕТЕ ПИСМОТО ВО КОЕ ПРИТВОРЕНАТА КАТИЦА ВИ...

“ЈОВЕВСКИ ДО КОГА ЌЕ ГО КРИЕТЕ ПИСМОТО ВО КОЕ ПРИТВОРЕНАТА КАТИЦА ВИ ДАДЕ НЕЗАКОНСКА НАРЕДБА”: Транспарент беше истакнат за време на обраќањето на Јовески

Владата односно министерката за правда Рената Десковска доживуваше тешки моменти на дебатата за законот за Јавно Обвинителство во Собранието на која најгласни беа нејзините колеги од Правниот факултет во Скопје Јустинијан Први.

 

 

 

Иако со некои од нив во блиски колегијални и другарски врски Десковска односно нејзините предлози беа научно потопени од колегите експерти дури и од тие што се членови на СДСМ или важат за блиски на оваа партија.

Освен професорката Гордана Силјановска Давкова во дебатата сериозни аргументи против предлозите на Десковска изложија и Гордан Калајџиев и Тања Каракамишева.

Инаку, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по започнувањето на денешната јавна расправа за законот за јавно обвинителство на седница на собраниската Комисија за политички систем истакнаа транспарент на галеријата на кој пишува „Господине Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (чл.60, законот за ЈО)“.

Транспарентот беше истакнат за време на обраќањето на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на јавната расправа.