дома Македонија Јовески: „Беса транс“ немаа списоци во писмена форма

Јовески: „Беса транс“ немаа списоци во писмена форма

Главниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески вечерва истакна дека во болницата било кажано дека осум лица се спасени.

-Претходно беше кажано дека со префрлувањето преку стаклата биле спасени седум лица, а од болницата информираа дека биле осуммина. Ние побаравме најпрво информација за тоа колку лица патувале во четирите автобуси, колку се евидентирани на граничните премини при излез од Македонија, додека пак бугарското обвинителство ја испитува околноста колку патници влегле на граничниот премин спрема Турција, вели Јовески во емисијата ТВ 21.

Тој информира дека при заплената на документацијата на компанијата „Беса транс“, биле известени дека нема списоци во писмена форма.

-Со самото тоа што автобусот ја напуштил земјава без да има валидна документација, без извод од лиценца, укажува дека до крај во рамките на дејноста на оваа туристичка организација не се запазувани сите процедури, истакна Јовески.