дома Социјални Мрежи ЈОЦИ: Дали ова е таа Македонија за која десетици илјади потрошија десет...

ЈОЦИ: Дали ова е таа Македонија за која десетици илјади потрошија десет пара патики по улици со години?

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот Фејсбук ја коментира дволичноста на владината пропаганда и процесот во кои  Никола Тодоров од ,,министер за смрт” стана навистина позитивна вест на сите телевизии во Република Македонија во време на Влада на чело со Зоран Заев. Јоци го коментираше и отсуството на кривични пријави за Тодоров поради како што вели Тамара и стотици умрени бебиња, родилки, лекарски грешки и мизерен здравствен систем. За крај прашувајќи дали ова е таа Македонија за која десетици илјади потрошија десет пара патики по улици со години?

-Дали во ноември 2018, Никола Тодоров, викан ,,министер за смрт”, е навистина позитивна вест на сите телевизии во Република Македонија во време на Влада на чело со Зоран Заев ?
Без ниедна кривична за Тамара, стотици умрени бебиња, родилки, лекарски грешки и мизерен здравствен систем ?
Истиот кој со ,,Визарис” на Ивона Талевска сакаше да искрцка милиони евра, па беше фатен ?

Дали навистина овој лик, чиј советник беше сегашниот министер Венко Филипче, денеска е вест со машна и скапо одело, поканет негде низ Европа како европски тип ?

Дали ова е таа Македонија за која десетици илјади потрошија десет пара патики по улици со години, пишува Јоци на Фејсбук.