дома Социјални Мрежи ЈО ЗНАЕЛО ЗА НОВАТА АДРЕСА НА ЧАВКОВ: Сопругата на Митко Чавков го...

ЈО ЗНАЕЛО ЗА НОВАТА АДРЕСА НА ЧАВКОВ: Сопругата на Митко Чавков го известила ЈО за новата адреса уште во декември минатата година!

Ќерката на Митко Чавков, Зорица Чавкова, на својот Фејсбук профил го објави писмото кое сопругата на Чавков, Јасмина Чавкова го испратила до Обвинителството со кое информира за адресата на која што живеат.

Писмото е испратено на 15-ти декември 2017-та година. Со истото, Чавкова го известува ЈО дека живеат на адреса во населба Лисиче, а не на адресата која е наведена во личните документи, односно во стан во општина Центар.

-За адресата на татко ми се известени на 15.12.2017 година. И сега што правиме? Спин е дека е тепач, дека се степал во затворот па го преместиле во Шутка. Спин е дека самоволно одредил каде ќе ја извршува мерката домашен притвор. Спин е дека доживеал инфаркт и сликан е во Шутка. На добар пат сте да ми го уништите семејството, пишува Чавкова на Фејсбук.