September 26, 2022, 7:26 pm

ЈСП осакатено – Шилегов го довел пред пропаѓање со долг над 13 милиони евра и 30% расипани автобуси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП“ е тежок загубар, со новиот директор веќе е започнато ревизија на досегашното работење, а веќе се детектирани слабости“ – Соопшти новата градоначалничка Данела Арсовска.

Според информациите до кои дојде Инфомакс, ЈСП има загуба од 2 милиони евра и должи над 13 милиони евра од кои 10 се долгорочни обврски спрема Европската Банка за Развој (ЕБРД). Парите биле потрошени за набавката на новите автобуси „MAN“ од кои 30% се нефункционални.

Таа додава и дека „Во тек се детални анализи на финансиското работење на градот, можам да кажам дека градот е многу задолжен, поради што можноста за кредитирање на градот не постои.“

Околу управувањето на градската администрација, Арсовска вели дека минатото раководство критиките ги упатиле на погрешна адреса, треба да бидат само-критични – „Претходното раководство се обиде да го претстави тоа како моја неспособност, наместо да го претстави како сопствена критика за несовесното работење“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This